Нансен дијалог центар Скопје е локална невладина организација, основана кон крајот на 1999 година од страна на неколку млади ентузијасти со помош на познатиот норвешки професор Стеинар Брин. Оваа организација е дел од Балкан дијалог проектот, а историјата за тој проект започнува уште во 1995 година.


Во Нансен академијата во Лилехамер беше креиран проектот “Демократија, човекови права и мирољубиво разрешување на конфликти“ кој беше наменет за младите лидери од Балканот, а целта беше преку 12 неделен курс (тренинг програма) младите лидери да бидат обучени да работат и дејствуваат на полето на демократијата, човековите права и разрешувањето на конфликти во нивните места на живеење. 


На крајот во 1999 година по иницијатива на директорот на проектот “Демократија, човекови права и мирољубиво разрешување на конфликти“, професор Стеинар Брин од Нансен академијата во Леилехамер - Норвешка, во Скопје беа остварени неколку средби со дел од студентите од Македонија кои биле учесници во тренинг курсевите организирани од од страна на Нансен академијата - Лилехамер и Универзитетот во Осло. 


Иницијативата на професорот Брин беше да се отвори невладина, непартиска, непрофитна и мултиетничка организација која ќе работи со визија за развој на цивилното општество промовирајќи го дијалогот како основно средство за мирољубиво и конструктивно разрешување на конфликтите помеѓу поединици и групи.


За краток временски период иницијативате беше прифатена и во целост реализирана. По изврешената селекција на кандидатите за работа во НДЦ Скопје, и одобрувањето на проектот од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка (кое е главен донатор на оваа организација), во месец јануари 2000 година канцеларијата на НДЦ Скопје официјално беше отворена и почна да работи како втора канцеларија од десетте канцеларии отворени на Балканот кои ја сочинуваат Нансен мрежата и Нансен дијалог проектот. 



Мисија:


Промовирање на Нансен дијалогот - алатка за ненасилно разрешување на конфликти, обезбедување неутрален простор за дијалог, ојачување на луѓето кои живеат во конфликтни средини, примена на дијалогот, трансформирање и разрешување на конфликтите и поддршка во процесот на помирување помеѓу страните воедно афирмирајќи ги демократските вредности, човековите права, толеранцијата и соработката.  



Што всушност е Нансен дијалог?


Нема ништо мистично и магично во врска со дијалогот. Едноставно тоа е отворен и искрен разговор помеѓу две или повеќе страни, во кој постои еднаков однос помеѓу зборувањето и слушањето. Самата цел не мора неопходно да биде постигнување на на било каков договор, туку зголемување на нивото на разбирање помеѓу страните. Нансен дијалогот е пропознатлив по настојувањето да се обезбеди неутрален и отворен простор, така што во такви услови различните учесници во конфликтот би биле во можност да се сретнат лице во лице во искрена и отворена комуникација. Целта е да се симнат сликите за непријателот и да се подобри нивото на разбирање за различните позиции, интереси и потреби. Фацилитаторите и предавачите настојуваат да симулираат конгнитивна анализа на конфликтот како таков, како и промена на улогите на страните во конфликтот. Фокусот не е во одредувањето на кој е во право или кој е повеќе крив, туку како да изградиме почит према демократските принципи, човековите права и мирољубивото разрешување на конфликтите за подобрување на општеството во иднина. 


Канцеларијата на НДЦ Скопје го носи името на еден од најпознатите норвежани Фридтјоф Нансен кој е добитник на Нобеловата награда за мир.



Донатор:


Главен донатор на НДЦ Скопје е Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка како и Амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје.