Јегуновце, 13.11.2009


Амбасадорот на Мисијата на Европската Унија H.E. Ерван Фуере го посети Интегрираното Двојазично Основно Училиште „Фридтјоф Нансен“


Амбасадорот Ерван Фуере на 13.11.2009 заедно со неговите соработници го посетија првото интегрирано двојазично основно училиште „Фридтјоф Нансен“ во с.Прељубиште, општина Јегуновце.

За време на посетата Амбасадорот Фуере се запозна со учениците, со стафот на училиштето и со претставниците на невладината организација Нансен Дијалог Центар – Скопје која што воедно е и носител на проектот „Интегрирано двојазично основно училиште Фридтјоф Нансен“.

Целта на посетата на Амбасадорот Фуере беше да се информира повеќе со методологијата што се користи за имплементирање на интегрираноста и двојазичноста, имајќи во предвид дека ИДОУ „Фридтјоф Нансен“ е единственото училиште од овој вид во Република Македонија. (повеќе)

Скопје, 15.04.2009


Потпишан договор за партнерство


Министерот за образование и наука на РМ Перо Стојановски, градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески и извршниот директор на НДЦ Скопје Сашо Стојковски потпишаа договор за партнерство во проектот “Интегрирано двојазично средно училиште„ во општина Јегуновце. Градбата на училиштето треба да започне во септември оваа година, а училиштето официјално ќе започне да работи на 1-ви септември 2010 година. Бидејќи станува збор за пилот проект во ова училиште за почеток ќе бидат оформени само два класа за учениците македонци и албанци од општина Јегуновце. Овој проект финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и претставува единствен проект од таков вид во Македонија и регионот. 

Јегуновце, 29.01.2009


Високиот комесар за малцински прашања на ОБСЕ, г-дин Кнут Волебек во посета на проектот на НДЦ Скопје во општина Јегуновце


Проектот “Интегрирано двојазично основно училиште - Фридјоф Нансен“ во општина Јегуновце беше посетен од страна на Високиот комесар за малцински прашана на ОБСЕ г-дин Кнут Велебек. Високиот комесар и членовите на делегацијата имаа можност да се запознаат со повеќе детали од програмите на новиот модел „интегрирано и двојазично основно образование„, модел кој што НДЦ Скопје во соработка со МОН, Бирото за развој од Тетово и општината го имплементира во ова училиште. Од страна на Високиот комесар за малцински прашања беше искажана поддршката за овој проект и желбата да се прошири во повеќе училишта и општини во Македонија. (повеќе)


Норвешка, 01 - 06.12.2009

Студиска посета на Норвешка со родителите на втората генерација ученици од ИДОУ "Фридтјоф Нансен"


Дел од наставниците и родителите на учениците од втората генерација кои учат во интегрираното двојазично училиште во село Прељубиште општина Јегуновце, од 01 до 06 декември 2009 година престојуваа во во студиска посета на Кралството Норвешка.

Целта на посетaта беше родителите и наставниците да се запознаат со образовниот систем на Норвешка, да се разменат искуства како функционираат училиштата, условите во кои работат, квалитетот на наставните програми и вклученоста на малцинските групи во норвешкиот образовен систем.

Групата имаше можност да ги посети основните училиштата “Соре Ал“ во Лилехамер и “Тојен“ во Осло, како и Националниот центар за мултикултурно образование во Осло.

(видео)



Јегуновце, 27.06.2009
Заврши првата генерација ученици во Интегрираното двојазично основно училиште


По повод успешното завршување на учебната година на првата генерација ученици во Интегрираното двојазично основно училиште “Фридтјоф Нансен“, во општина Јегуновце беше организирана средба со родителите за доделување на сведителствата на учениците. Од страна на наставничките, родителите беа информирани за постигнатиот успех и резултати од реализирањето на програмите за формално и неформално образование на двата класа во училиштето. Од страна на родителите беше искажано задоволството што се дел од овој проект и дека се многу задоволни од начинот на кој што функционира училиштето, квалитетот на наставата и видните промени што настанале кај нивните деца. Родителите имаа можност да ја видат завршната приредба која беше резултат на девет месечното работење на наставничките со нивните ученици. 

Завршна приредба (видео



Јегуновце, 17.05.2009

Одбележан 17 Мај - Ден на конститутивноста на Норвешка


На 17 мај 2009 година НДЦ Скопје во соработка со градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески во интегрираното двојазично основно училиште за прв пат го одбележаа 17 мај - денот на Конститутивноста на Кралството Норвешка. На овој настан присуствуваа г-дин Баскар Херман претставник на амбасадата на Кралството Норвешка во Скопје, г-ѓа Бенте Кнагенхјелм претставник на менаџментот на Нансен мрежата, како и голем број родители, локални политичари, наставници и директори од централните основни училишта во Јегуновце. На овој настан своја изведба имаа култирно уметничкото друштво од основното училиште од с. Жилче како и победничката на детскиот фестивал Ylberi - Шахе Шаќири. 
Причината за одбележувањето на овој настан е несебичната континуирана помош од страна на Владата и народот на Кралството Норвешка дадена на општина Јегуновце од 2005 година до сега и истата ќе продолжи и во наредните три години.


(видео)